Куглари од пет земји на првиот меѓународен турнир на КК Вардар

Кугларскиот клуб Вардар на денот на независноста, 8 септември ќе го организира првиот       меѓународен кугларски турнир по повод најголемиот национален празник во нашата земја. Со помош и поддршка од Град Скопје, чија заедничка цел е чествување овој најзначаен македонски празник и промоција на куглањето, Вардар обезбеди силна конкуренција.

Преку интернационален турнир на кој ќе настапат реномирани екипи и еминентни куглари од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, како и од Македонија претставена од кугларите на Вардар, се очекува голема кугларска афирмација.

Натпреварувањето ќе започне на 9 септември со почеток во 10.00 часот, а свеченото отворање е закажано истиот ден во 11.10 часот во „ВИП кугланата“ при СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.