Куглањето е во мода во Македонија – шест екипи од кои две женски ќе играат во европските Купови

Куглањето е во мода во Македонија,. Доказ за тоа е рекордниот број претставници кои идната сезона ќе се натпреваруваат во кугларските евро-купови.

Како што информираат од федерацијата, во новата сезона нашата држава ќе има дури шест екипи кои ќе се натпреваруваат на меѓународна сцена, а интересно е тоа што за првпат ќе имаме и две женски, како и две битолски екипи. 

Кугларски клуб Макпетрол ќе игра на Светскиот Куп, ГТЦ - Мусандра (машка и женска екипа) на Европскиот Куп, а Пелистер 1982 и Пелистер ТС Холдинг (жени), како и Вардар ќе играат на НБЦ. 

Ова е историски голем чекор за македонското куглање, како и податок плус за напорната работа на раководството во последните две години, откако ја презеде федерацијата.