ФОТО: „Кугламе и сме среќни“ повеќе од успешен, кугланата претесна за битолските фанови

Амбициозниот проект на кугларскиот клуб Пелистер и здружението на граѓани „Нови перцепции“, именуван како „Кугламе и сме среќни“ е пред самиот крај, а она што пред две ноќи се случи во Битола е доказ дека истиот е повеќе од успешен. 

Битолската куглана, која благодарение на овие момци почнува да наликува на „спортско боиште“, по подолго време беше претесна за љубителите на овој спорт. Битолчани уште еднаш докажаа дека го сакаат куглањето и им дадоа огромна поддршка на организаторите за својот крај заеднички да го одбележат како што заслужуваат – со полна куглана, многу насмевки, дружба и ревијален натпревар. 

Ова беше уште еден од низата на незаборавни моменти во битолската куглана и согледувајќи ја енергијата која беше пренесена, КК Пелистер и „Нови Перцепции“, решија овој проект да продолжи уште неколку месеци, сè со цел куглањето да го добие она што го заслужува во градот на конзулите.