Коронавирусот одново прави проблеми: Колото од кугларскиот шампионат одложено

Само што продолжи сезоната и беа одиграни неколку кола, македонските куглари одново се приморани да паузираат.

Поради коронавирусот, Кугларската федерација на Македонија донесе одлука да го одложи претстојното осмо коло од шампионатот, кое требаше да биде и прво од пролетниот дел од сезоната.

„Осмото коло на МКЛ, а прво во пролетниот дел од сезоната е одложено на неодреден период. Извршниот одбор на Кугларската федерација на Македонија во текот на наредната недела ќе се состане повторно и ќе донесе нова одлука околу продолжувањето на МКЛ, со надеж за што поскоро оздравување на заразените куглари и што поскоро одигрување на заостанатите натпревари од есенскиот дел на сезоната“, велат од федерацијата. 

Во претходното коло два натпревари беа одложени, токму заради заразени куглари, а сега бројката е поголема и вирусот е распространет во повеќе клубови.