• Горан Упале

Во пресрет на подготовките за новата сезона во кугларскиот шампионат на Македонија, екипата на Вардар под полна пареа работи на екипирање на својот ростер.
„Црвено-црните“ веќе ги претставија своите први засилување за новите предизвици. Нови членови на Вардар станаа потенцијалниот репрезентативец Зоран Ристиќ кој доаѓа од редовите на КК 18 Август 2016 и Милош Миливојевиќ, доскорешен член на хрватскиот кугларски бренд Медвешчак, искусен и одличен куглар кој треба да помогне Вардар да се врати во борбата за врвот.
Воедно, преминот на Миливојевиќ е историски за овој клуб, затоа што е прв интернационален трансфер во Вардар.