• Зоран Мишевски
Македонското куглање слави апсолутен женски национален рекорд. Ивана Трајчевска освои осмо место во комбинација и најдобро женско индивидуално постигнување на Светското првенство за куглари и кугларки до 23 години.
Битолчанката куглаше во интервал на светски рекорд, на крајот во последната четвртина го загуби темпото и не успеа да постави историски рекорд. Сепак, и ова нејзино постигнување е апсолутно најдобро во женска конкуренција во нашата земја.
Трајчевска е млада кугларка, членка на КК Пелистер Пин, и пред неа е блескава иднина.