Историска победа на Вардар: По 20 титули во низа Макпетрол на праг да ја предаде круната

Најтрофејниот македонски спортски колектив, кога во прашање се титулите од домашниот шампионат, Макпетрол, е на прагот да ја предаде круната по две децении владеење, односно освоени дваесет шампионски трофеи во низа.

Кугларите на Вардар приредија голема сензација во рамките од десеттото коло на Првата куларска лига на Македонија. Во дербито за лидерската позиција, „црвено-црните“ одиграа фантастично и со 5-3 го совладаа големиот фаворит, а со тоа се на чекор да ја освојат својата прва историска титула.

До крајот на првенството преостануваат уште четири кола, во кои Вардар во едно од нив е слободен, а треба и да одигра две дерби средби против ГТЦ Мусандра и Пелистер.