• Мартин Танасковски

Кугларската федерација на Македонија од денес има нов претседател, затоа што за прв човек на овој спорт назначен е Игор Михајловски.
Доскорешниот потпретседател и селектор на младинските категории ја доби највисоката функција во оваа федерација. Михајловски истакна дека очекува огромна помош во реализирање на поставените цели кои се превисоки за македонски стандарди.
Михајловски ја доби довербата од сите делегати да биде прв човек на Кугларската федерација на Македонија.