• Горан Упале
Македонскиот куглар Димитар Димитровски забележа голем успех на еден од најсилните кугларски турнири во Европа, кој што се одржа во Бачка Топола, Србија.
Димитровски, кој е член и претседател на кугларскиот клуб Вардар, го освои второто место на овој престижен турнир, оставајќи зад себе дури осум куглари од Топ 20 светската листа.
Полош пласман од Македонецот имаа првиот куглар на светот Вилмош Заварко, светскиот рекордер Чонгор Барањ, Ерњеши, Ковачиќ, Бина, Тамаш Киш како и поранешниот македонски репрезентативец Влаќевски, кој моментално котира на осмото место на светската ранг листа.
Димитровски имаше резултат од 650 дрвца за четврто место во финалето и влез меѓу шесте најдобри во супер финалето каде сруши 645 дрвца и со тоа го освои второ место зад Заплетан кој го освои овој турнир.