• Горан Упале

Кугларскиот шампионат на Македонија ќе продолжи. Оваа одлука синоќа беше донесена на вонредната онлајн седница на Извршниот одбор на федерацијата.
Сите членови со едногласно го поддржаа планот и шампионатот кој во октомври беше прекинат по само две одиграни кола, ќе продолжи кон крајот на месец февруари, а според распоредот истиот треба да заврши во мај.
Од федерацијата информираат дека согласно здравствената ситуација, која го диктира темпото во спортскиот сектор, во случајов кугларскиот спорт, и во секој момент здравјето на сите кугларски работници ќе биде во преден план во однос на сè останато.
- Комплетниот распоред од кугларскиот шампионат на Македонија:



