• Горан Упале
Најдобриот македонски куглар и еден од најдобрите во Европа во овој момент, Бојан Влаќевски во иднина ќе има нов предизвик, затоа што ги напушти редовите на хрватскиот клуб Запрешиќ.
По две години одлична соработка и многу успеси, македонскиот репрезентативец им се заблагодари на хрватските колеги и најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Германија или Австрија.
„Голема благодарност до кугларскиот клуб Запрешиќ за довербата во изминатите две години, како и за одличните моменти. Дојде време за промена. Ви посакувам сè најдобро во иднина“, напиша македонскиот куглар на социјалните мрежи.
Влаќевски својот врв на кариерата го достигна пред нешто повеќе од една година, кога со хрватскиот тим го освоија најпрестижниот кугларски клупски трофеј во Европа.