• Горан Упале
По две години пауза повторно ќе биде одржан меѓународниот турнир во куглање „Скопје“, во организација на кугларскиот клуб Вардар и поддржан од град Скопје.
Турнирот ќе се одржи на трети септември, а сите натпревари ќе се одиграат во кугланата Мусандра во ГТЦ.
Гости на шампионот на Македонија од пред две сезони ќе бидат српските екипи Милош Обилиќ и КК Белград од Србија, како и вториот тим на Вардар. Почетокот на овој собир е закажан во 09:00 часот.
Новата сезона во кугларската Прва лига на Македонија започнува во септември.