• Зоран Мишевски

Продолжува успешната сезона на битолските куглари. Членовите на двата клуба од Битола блеснаа на Државно поединечно првенство во машка и женска конкуренција, кое се одржа во кугланата Мусандра во Скопје.
Државен првак на Македонија заз 2022 година во женска конкуренција е Стефанија Алексовска од Пелистер Пин од Битола, а првак во машка конкуренција е Младен Донковски од Макпетрол од Скопје.
Кај девојките второпласирана беше Ивана Трајчевска од екипата на Пелистер Пин, а третопласирана е Данче Наумовска од ГТЦ Мусандра.
Кај мажите второто место му припадна на Пецо Димовски од екипата на Пелистер, а трет заврши Ибрахим Мемеди од Макпетрол.