Доминацијата продолжува: Србија е светски првак во куглање по шести пат

Машката кугларска репрезентација на Србија го освои златниот медал на Светското првенство во Тарнов, Полска.

Српските куглари во финалето ја совладаа Германија со 5-3 (3.981-3.918) и со тоа го одбранија светскиот трон освоен во 2019 година. За Србите ова е шести златен медал во историјата на куглањето, а светски прваци беа во 2009, 2011, 2015, 2017 и 2019 година.

Светски шампиони во Полска станаа Игор Ковачиќ, Роберт Ерњеши, Радован Влајков, Вилмош Заварко, Чонгор Барањ, Адријан Лончаревиќ, Бојан Кличариќ, Данијел Тепша, Александар Милинковиќ, а од клупата ги водеше селекторот Војиќиков.

Инаку, Србија беше еден од ривалите на Македонија во групната фаза на овој собир, а тој меч очекувано заврши со пораз на нашите куглари.