Дербито Пелистер - ГТЦ Мусандра без победник, триумфи на двете екипи на Вардар

Кугларскиот шампионат во Македонија продолжува според планираното, а изминатиов викенд се одржа второто коло од новата сезона, во кое имаше по една победа на гостите и домаќините и едно реми. 

Дербито на колото меѓу второпласираниот и третопласираниот тим од ланската сезона заврши без победник, односно со поделба на бодовите. Пелистер и ГТЦ Мусандра одиграа крајно возбудлив натпревар во кој двете екипи имаа шанса за победа, но на крај мораа да се задоволат само со реми кое им донесе по само еден бод. 

Историска прва победа извојува вториот тим на Вардар, кој како дебиталнт во лигата славеше над женскиот тим на ГТЦ Мусандра со убедливи 8-0. 

Идентична победа извојува и првиот им на „црвено-црните“ над женскиот тим на Пелистер, додека шампионот Макпетрол беше слободен. 

  • Комплетните резултати од второто коло во кугларскиот шампионат: