Браќата Димитровски од Вардар станаа државни кугларски прваци во парови за 2022

Викендов во Битила се одржа Државно првенство за сениори во куглање, дисциплина парови. Оваа дисциплина долги години не беше активна во мак-куглањето, но со враќањето во календарот на натпреварувања, се покажа како одличен концепт.

Беа пријавени вкупно 19 машки парови или вкупно 38 машки натпреварувачи од сите клубови кои се натпреваруваат во МКЛ. Во една исклучително фер и коректна атмосфера беа изиграни сите дуели, а со оглед на резултатите и малата разлика во текот на целото натпреварување имаше динамика и беше задржано вниманието на публиката,

Дефинитивно најинтересно беше во последните два блока во кој се натпреваруваа македонски ма репрезентативци. Со последната кугла парот на Вардар, Дарко и Димитар Димитровски срушија чун кој беше доволен за прво место. Второто место заслужено го освоија Ибрахим Мемеди и Душко Ајдин, а Ибрахим беше и играч на првенството со одлични  623 дрва и само шест помалку од рекордот на кугланата.

Трето место беа вардарскиот пар претставувани од Пецо Димовски и Коста Манев. Признанијата беа доделени од претседателот на КФСМ – Игор Михајловски.

Ова државно првенство се одржа во пресрет на пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина кој ќе се игра на трети декември, токму во модерката битолска куглана.