• Горан Упале
Покрај машкото државно првенство во парови, во битолската куглана викендов имаше битка и за трофејот во конкуренција на жени.
Беа пријавени вкупно пет женски парови или вкупно 10 натпреварувачки од двата женски клубови кои се натпреваруваат во МКЛ.
Најпријатно изнанедување во кугларскиот викенд во Битола беше младата Стефанија Алексовска од Пелистер Пин која со одлични 576 (207) од вкупно 47 натпреварувачи кои настапија вклучувајќи ја и целосната машка и женска сениорска репрезентација, беше на неверојатно високото трето место во поединечни достигнувања. Стефанија заедно со Андреа Вељаноска заслужено се искачија највисоко на пиедесталот.
Второто место го освоија искусните Данче Наумовска и Билјана Гаврилова од ГТЦ Мусандра, додека на трето место завршија Ивана Трајчевска и Даниела Ѓуровска од Пелистер Пин.