• Иван Димовски
Второто коло од МКЛ помина без некои поголеми изненадувања. Во Мусандра, Макпетрол со 8-0 го совлада ГТЦ Мусандра, во Битола, Пелистер 1982 А беше подобар од својата Б екипа со 6-2.
Најинтересно беше во Битола во женскиот дуел каде што се водеше рамноправна битка до 330 кугли. Натпреварот беше со предност од 3-1 за Пелистер Пин и двете екипи имаа еднаков број на дрва. На крајот, домаќинките од Битола не дозволија изненадувања и го завршија натпреварот во последните 30 кугли со преност доволна за победа од 6-2.
Натпреварот Макпетрол Б – Вардар 2014 беше одложен и ќе се одига во четврток со почеток во 18:00 часот.