Алексовска со петти најдобар резултат во квалификациите обезбеди осминафинале на ЕП

Maкедонската репрезентативка Стефанија Алексовска имаше одличен настап во квалификациите  на Европското првенство во куглање. 

Младата македонска кугларка со резултат од 571 соборени дрвца имаше петти најдобар резултат и со тоа обезбеди пласман во осминафиналето. Алексовска во битката за четвртфинале утре ќе се сретне со Пекосак Аурора од Словенија, која во квалификациите заврши на дванаесеттото место.

Во вториот ден од Европското првемство останатите македонски репрезентативци ги забележаа следните резултати:

- Мирјана Младеновска - 497 и Александар Младеновски - 565 или вкупно 1062 дрвца
- Стефанија Алексовска - 571 и Влатко Талевски - 497 или вкупно 1068 дрвца

Во дисциплината спринт нашите сениори имаа настап и сите загубија во првата рунда. Спринтот на нашите јуниори е утревечер за Влатко Талевски и во петок за кугларките.