Алексовска и Арслановски ќе ја претставуваат Македонија на Светскиот Куп во Естонија

Кугларската федерација на Македонија продолжува со афирмација на куглањето во нашата држава, а посебен акцент им стави на надежите. По ланското учество на Светското женско првенство за кугларки до 18 години во Словенија, Македонија во мај, во Естонија, ќе имаат свои претставници и на Светскиот младински Куп.

Стефанија Алексовска од кугларскиот клуб Пелистер Пин и Архан Арслановски од Пелистер 1982 од Битола, ќе ги бранат боите на Македонија на Светскиот Куп до 18 години во Елва, Естонија.

Во битолската куглана Стефанија Алексовска беше подобра од Андреа Вељаноска и победи со 3-1 која пак беше најдобра во квалификациите. Резултатот кој го постигна Алексовска е нејзин најдобар во кариерата со соборени 562 дрвца.

Архан Арслановски пак имаше одличен настап во машката конкуренција и го совлада Кристијан Николоски со 2-2 (+29), но и имаше убедливо водство во квалификациите.

Подготовките за прстојниот младински Светски Куп ќе започнат веднаш по завршувањето на кугларската лига, а со оглед на ентузијазмот, посветеноста и професионалноста на селекторот Игор Михајловски, нема сомнеж дека Стефанија и Архан ќе отпатуваат во топ-форма и ќе го дадат најдоброто од себе.