Александар Јовановиќ победи на градскиот шампионат во куглање во Битола

Вчера во кугланата во спортската сала „Младост“, заврши градското првенство во куглање во организација на Кугларскиот клуб Хераклеа од Битола.

Турнирот за првпат е дел од четвртоноемвриската програма на Општината, а на доделувањето на наградите присуствуваше и градоначалничката на Општина Битола.

За првак на Битола беше прогласен Александар Јовановиќ, второпласиран заврши Пецо Димовски, а на трето место се пласира Цане Колев. На турнирот учествуваа 20 натпреварувачи, меѓу кои и две жени.

Наградите на првите три пласирани им ги додели градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска.