• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Урош Стоклас испиша нова страница во историјата на куглањето, откако успешно ја заврши неверојатната мисија и постави нов Гинисов рекорд!
Стоклас цели 25 часа непрекинато куглање, во подвиг кој бараше натчовечка физичка и ментална издржливост. За време на предизвикот македонскиот репрезентативец фрли речиси 3.200 кугли, собори повеќе од 15.000 кегли и одигра дури 26 целосни серии, односно по 120 фрлања во секоја серија.
Неговиот просек изнесуваше неверојатни 615, што дополнително го потврдува квалитетот на подвигот. Стоклас со овој резултат не само што постави нов Гинисов рекорд, туку уште еднаш покажа дека македонските спортисти можат да стигнуваат до врвни достигнувања и на светската сцена.