Кугларски клуб Макпетрол испиша нова златна страница во својата историја. Скопската екипа освои двојна круна оваа сезона во домашните натпреварувања, односно шампионска титула во лигата, како и Купот на Македонија. Со овој успех, тимот 25 пат е првак на земјава и 14 пат се закитува со националниот куп, со што уште еднаш е потврдена доминацијата на сите фронтови.