Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), репрезентативниот бек Кристијан Николов, кој моментално настапува за Работнички, а претходно неколку сезони го носеше дресот на МЗТ Скопје, пријавил дека на неговиот автомобил пронашол ливче со заканувачка порака. Освен тоа, тој и претходниот месец добил порака со заканувачка содржина преку социјалните мрежи, поврзана со клубот во кој настапува.