Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс поведоа со 2-1 во осминафиналната серија во НБА лигата против Лос Анџелес Лејкерси. Домаќинот во Минесота ја искористи предноста на својот терен и слави со 116-104. Се играше целосно израмнет натпревар, двете екипи се менуваа во водството, а Тимбервулвси имаа повеќе концентрација кога беше најпотребно. Откако на семафорот стоеше 103-103, домашните направија серија од 13-1 и стигнаа до победата.