Раковдните луѓе на Бостон потврдија дека потпишаа договор со Џонатан Гибсон, кој треба да биде замена во претстојниот НБА плеј-оф, за повредениот Кајри Ирвинг.
Кошаркарите на Реал Мадрид славеа пирова победа против Бросе Баскет со 106-86 и заради поразот на Олимпијакос од Жалгирис, на крајот завршија како петтопласирани по регуларниот дел на Евролигата.
Несреќниот шпански репрезентативец и член на Реал Мадрид, Серхио Љуљ се врати во тренажен процес со екипата по долгата пауза заради скинатите лигаменти. Љуљ се повреди минатата пролет, го пропушти завршниот турнир на Евролигата и Евробаскетот и тоа баш кога играше во најдобра форма.
Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ ја одигра својата најдобра партија во дресот на Индијана Пејсерс и беше предводник на тимот во големата победа над шампионот Голден Стејт Вориорс од (126-106).
Кошаркарите на Панатинаикос по продолжение славеа победа против Олимпија Милано со 95-96 и ги задржаа своите шанси за пласман на четвртото место пред почетокот на плеј-офот. Услов за тоа е пораз на тимот на Реал Мадрид или Олимпијакос во утрешните дуели.
Претстојниот викенд во Битола по осми пат ќе се одржи традиционалниот велигденски турнир во кошарка, кој има и меѓународен карактер, бидејќи покрај екипи од Македонија на него ќе учествуваат и тимови од Хрватска.
Актуелниот европски шампион, кошаркарите на Фенербахче, во последното 30. коло на Евролигата се поразени од Уникаха со 91-99 по дополнителни пет минути. Регуларниот дел од мечот заврши со резултат 83-83.
Од поодамна се знае дека екипата на Голден Стејт Вориорс од сезоната 2019/20 година ќе го напушти Оукланд и ќе се пресели во Сан Франциско. Она што не се знаеше е дали тоа ќе влијае на името на франшизата, којa во својата историја имала три имиња.
Кајри Ирвинг, најдобриот кошаркар на Бостон Селтикс, нема да може да му помогне на тимот до крајот на сезоната затоа што мора да оди на операција поради повреда со која се здоби за време на регуларниот дел од првенството.
Екипата на Кожув забележа нова победа во плеј-аутот и на домашен терен во салата „26 април“ во драматичен натпревар се справи со Пелистер (67-61). Дуелот донесе неизвесна завршница, во која попрецизни беа домаќините. За Кожув ова е втора радост во плеј-аутот.
Новиот тренер на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, со победа го почна својот мандат на клупата на актуелниот шампион и тоа на гостински терен на жешкиот терен кај Блокотехна. Младиот стратег е задоволен од начинот на кој одиграа неговите избраници и верува дека ако во секој меч се одигра на ваков начин дека резултатите нема да изостанат.
На денешен ден, пред 39 години, екипата на КК Босна успеа да направи чудо и да се искачи на европскиот кошаркарски трон со триумф во ФИБА Европскиот Куп на шампиони.
Кошаркарите на Торонто Репторс во директна битка за првото место пред почетокот на плеј-офот во НБА лигата го совладаа Бостон Селтикс со 96-78. По синоќешната победа тимот од Канада има три победи повеќе од Селтикси. Најзаслужен за триумфот повторно беше Демаркус Дерозан со 16 поени, а кај гостите Морис запиша 21 поен.
Унгарскиот град Сопрон ќе биде организатор на завршниот турнир на женската Евролига во кошарка. Од 20 до 22 април во Унгарија ќе се одиграат последните натпревари од клупската сезона во која Динамо Курск ќе ја брани титулата од минатата сезона.
Кошаркарите на Шкупи, во рамките на второто коло од плеј-аутот, славеа победа против директниот конкурент за опстанок Струмица со 95-77 (23-27, 20-10, 25-20, 27-20).
Актуелниот кошаркарски првак на Македонија, МЗТ Скопје, го доби дерби-дуелот во Суперлигата против Блокотехна (66-75) и се искачи на второто место на табелата со скор 18-6, исто колку и второпласираната екипа од Гевгелија.