• Искуството на Будуќност му пресуди на Мега Лекс

    Во натпреварот од 16. коло на регионалната АБА лига, екипата на Будуќност од Подгорица, на гостински терен го совлада најпријатното изненадување сезонава, екипата на Мека Лекс со  81-83.            

  • Црвена Звезда со отказ за Вилиjамс

    Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда, денес ја прекина соработката со Маркус Вилијамс.

  • Официјално: Симоновски се пресели во Куманово

    Кошаркарскиот репрезентативец, Марко Симоновски, е новото засилување за тимот на Куманово, каде доаѓа од редовите на шампионот МЗТ Скопје.

  • Кари: Моментално не гледам никој подобар од мене

    Самодовербата никогаш не била проблем за „магионичарот“ на Вориорс, Стеф Кари. Таа е за ниво повисока, откако минатата година Голден Стејт успеа да слави во големото финале против Леброн и Кливленд. Оваа година, кошаркарите на Стив Кер, играат на ниво на Мајкл Џордан и неговите Булси од 1995/96 година, кога предводени од Фил Џексон, постигнаа неверојатни 72 победи и само 10 порази. 

  • Црвена Звезда го совлада Задар во вторите 20 минути

    Кошаркарите на Црвена Звезда во „Пионир“ го совладаа Задар во натпревар од регионалната АБА лига со 83-57 (20-20, 15-15, 23-8, 25-14). Натпреварот се одигра пред нешто повеќе од 5000 гледачи. За домашниот тим оваа победа значи рехабилитација по поразот во минатото коло во Подгорица од Будуќност.

  • Кожув „го скрши“ градскиот ривал во вториот дел

    Кошаркаритe на Кожув во градското дерби во Првата македонска кошаркарска лига го совладаа последнопласираниот тим на Бест со 82-69 (27-24, 9-20, 24-11, 22-14). И по дванаесет одиграни кола екипата на Бест остана единствена без победа.

  • Војдан Стојановски и Едина Муса се кошаркари на годината според КФМ

    Македонската кошаркарска федерација традиционално ги додели признанијата на најдобрите поединци и екипи во мак баскетот. На свечена церемонија во хотелот „Александар Палас“ во присуство на спортисти, спортски работници и многу гости, куќата на кошарката ги награди најдобрите во 13 категории. Во најважните од нив за кошаркар и кошаркарка на годината се издвоени Војдан Стојановски во машка и Едина Муса во женска конкуренција. За Војдан ова е трета последователна награда од КФМ за најдобар во тековната година. 

  • Јончевски: Секогаш е тешко да се победи Партизан

    Можеби претходно се најавуваа тренерски имиња како замена за Пипан, дури и поранешниот селектор Џикиќ се спомнуваше, но сега дефинитивно е познато дека овој МЗТ Скопје функционира со Јончевски на клупата. Победата против Партизан ја зацврстува позицијата на младиот тренер, а овој меч треба да донесе позитивен импулс и за мечевите во следната година.

  • Кошаркарите на МЗТ Скопје слават победа
    Јадранска Лига

    Металците почнаа да ги победуваат драматичните завршници

    Пред само неколку недели скоро секој меч во кој влегуваше во драматична завршница, МЗТ Скопје не можеше да го добие. И се поставуваа различни теми поврзани со карактерот, со стручноста на Алеш Пипан и со концентрацијата на кошаркарите. За кратко време работите се сменија во сосема поинаква насока. МЗТ Скопје го победи Партизан со 82-78 и тоа баш на начин на кој претходно ги губеше натпреварите. Јончевски ја донесе позитивната енергија и спокојот, а публиката повторно беше шести играч на МЗТ Скопје. Само што е можно подолго да трае овој позитивен момент. 

  • Едноракото момче Зек Ходскинс ги постигна првите професионални поени

    Зек Ходскинс е професионален кошаркар во НЦАА лигата, кој го исполни својот сон, постигнувајќи ги првите професионални поени. Младото момче има голем хендикеп во однос на другите кошаркари. Имено, тој се родил без долниот дел на раката, што, сепак, не го спречува да ја покажува неверојатната техника на кошаркарските терени. 

  • МЗТ Скопје со петта победа по ред: Падна и Партизан

    Екипата на МЗТ Скопје успеа да слави над Партизан со 82-78 и така да ја забележи петтата победа во низа, трета во АБА лигата.  

  • Официјално: Ласо ќе ги води „кралевите“ до 2018 година

    Шпанскиот кошаркарски тренер, Пабло Ласо, го продолжи својот договор со Реал Мадрид до 2018 година.

  • Топ 5 НБА: Судиите дозволуваат и чекор повеќе за атракција

    Познато е дека американската кошаркарска лига е највозбудливата во светот. 

  • Најдоброто од групната фаза во Евролигата

    Забивањата, инсајдерските моменти од соблекувалните, пеколната атмосфера на трибините и пресвртите, се само дел од овогодинешното натпреварување на најдобрите европски кошаркари. Погледнете ги најдобрите моменти од групната фаза во Евролигата. 

  • Главчев си даде оставка од Кожув по судиските неправди

    Синоќа жалбата на судиското трио Мицевски – Митровски – Феревски за натпреварот Карпош Соколи - Кожув не беше прифатена од страна на комесарите. Како последица на тоа првиот човек на Кожув Томе Главчев одлучи да поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на кошаркарскиот клубот и истото го објави на клупскиот Фејјсбун профил.

  • Антиќ пак реплицира: За кратко време направивте голем циркус во кошарката!

    По соопштението на КФМ експресно стигна нов мпост на Фејсбук на Перо Антиќ, кој пак ги нападна челниците на нашата куќа на кошарката и откри нови детали од „валканите алишта“ на „кралицата на игрите“ кај нас.

  • МКФ: Изборот го правеа новинари, спортски работници и претставници на клубовите

    Македонската кошаркарска федерација излезе со сопштение поради обвинувањата на Перо Антиќ објавени на неговиот Фејсбук профил. МКФ се почувствува повикана да одговори во името на вистината и на начинот на постапката за избор на најдобрите во Мак-баскетот во 2015 година. Во продолжение е официјалното соопштение од страна на МКФ.

  • Антиќ: Постои ли уште Агенција за млади и спорт?

    Откако се погласни се шпекулациите дека вечерва на изборот на КФМ за најдобри за 2015 година ќе биде изоставен Перо Антиќ и покрај тоа што во годината која изминува играше конференциско финале во НБА лигата и направи трансфер во Фенербахче Улкер, искусниот кошаркар со пост на неговиот Фејсбурк профил одговори што мисли за федерацијата и Aгенцијата за млади и спорт, кои денес скоро во исто време ќе ги бираат најдобрите спортисти и кошаркари за 2015 година.

  • Коби не заборави кошарка, нов подвиг на „езерџиите“

    Коби Брајант ја поведе екипата на ЛА Лејкерс до победа против екипата на Денвер со 111-107. Домаќините постојано го бркаа противничкото водство, но Брајант за 33 минути на паркетот постигна 31 поени, а му помогна и Кларксон со 19 поени. Кај Денвер се истакнаа Бартон и Харис со 25, односно 21 поен. 

  • Крис Пол се ближи до ТОП 10 на вечната листа на асистенти

    Крис Пол дојде до 13. место на листата на кошаркари со најмногу асистенции во историјата на НБА лигата. Кошаркарот на ЛА Клиперс на синоќешниот дуел против Оклахома Сити имаше 10 додавања.   Пол во кариерата сега има 7.166 асистенции, со што го надмина Тери Портер. 30-годишниот плејмејкер така има импресивен просек од 9,9 асистенции по натпревар и веќе е блиску до Лени Вилкинс кој има 7.211 асистенции, а од водечките активни кошаркари заостанува само зад ветеранот, Андре Милер кој има 8. 477 асистенции.   Рекордер и веројатно недостижен по асистенции е Џон Стоктон со луда бројка од 15 806 додавања.  

Pages