Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, го најави финалето на Светското првенство во кошарка во кое ќе играат „орлите“ и репрезентацијата на Германија. Србите до мечот за титула дојдоа преку Канада, додека Германците направија голем подвиг и ги исфрлија Соединетите Американски Држави кои важеа за први фаворити за тронот.