Младиот Словенец Лука Дончиќ ја предводи сеевропската петорка на годината. Тој во својата трета сезона во Далас, се промовира себеси во најдобрите европски играчи во најсилната лига на светот. Словенечкиот „дијамант“ дојде до неверојатен просек од скоро 30 поени по натпревар, лани беше трет додавач во лигата со просек од 8,8 асистенции. А имаше и 9,4 скокови по меч, и беше многу блиску до „троен ефект“, што е вистинско, ретко остварување за еден така млад играч.