Тимот на Хувентуд продолжува со лошите резултати во овој дел од сезоната во Ендеса лигата, откако денес го запиша својот трет пораз во низа во домашниот шампионат. Иако беше фаворит пред стартот на натпреварот, Хувентуд не успеа да го покаже тоа на паркет и запиша гостински пораз од Гран Канарија од 96-85.
Најголемата кошаркарска надеж на Македонија, Андреј Јакимовски продолжува да ја одушевува кошаркарската јавност во Соединетите Американски Држави, откако синоќа одигра неверојатна партија во НЦАА лигата.
По турболентниот старт и неколкуте порази во низа, кошаркарите на Далас Маверикс конечно влегоа во посакуваниот ритам и бележат одлични резултати на американскиот паркет. Тимот од Тексас е во серија од три победи, а последна „жртва“ му беше Орландо Меџик, кој ноќва беше совладан со убедливи 112-98.
Кошаркарите на Сплит го изненадија Будуќност и минимално со 78-77 се радуваа на победа над големиот фаворит, кому ова му е само втор неуспех во АБА лигата.
НБА-лигата носи многу натпревари, тежок ритам на игра, а ретко кој може да издржи да игра константно. Но, еден играч, се до вчера, беше на теренот пет години во низа.
Изминатата календарска година беше тешка за сите поради коронавирусот, но не е се така црно, затоа што 2020 ни донесе и една убава кошаркарска приказна од Тафталиџе. ТФТ е новиот клуб од главниот град, маалскиот клуб кој создаден од ентузијасти во само две години дојде до елитата и прерасна во сериозен спортски колектив.
По двата порази во низа, кошаркарите на Хјустон Рокетс на фантастичен начин им се вратија на победите во НБА лигата, откако ноќва одиграа неверојатна партија на свој паркет и со убедливи 42 разлика го посрамотија тимот на Орландо Меџик (132-90).
Екипата на Кливленд победи на гости кај Мемфис Гризлис со 94-90, во натпревар каде најмногу се истакна Андре Драмонд со 22 поени и 15 скокови со што запиша „дабл-дабл“ учинок.
Италијански Милано го направи изненадувањето на вечерта во Евролигата, славеше на гости кај Реал Мадрид (76-80) и на кралскиот тим му го нанесе првиот пораз во последните пет кола.
Кајри Ирвинг се врати во тимот на Бруклин Нетс на стартот од новата сезона. Заедно со Кевин Дурант треба да биде лидер на екипата која важи за еден од фаворитите за НБА титулата.
Екипите на Денвер Нагетс и Далас Маверикс го одиграа највозбудливиот натпревар во синоќешната програма на НБА лигата, кој беше решен дури по продолжението. Во регуларниот дел се играше крајно неизвесно и атрактивно, а откако победникот мораше да биде решен во дополнителните пет минути, во истите поконцентрирани беа гостите од Далас кои на крај славеа со сигурни 117-124 (109-109).
Филаделфија 76ерс во многу ефикасен меч славеа тесна победа над Вашингтон Визардс со 141-136. На средбата во „Велс Фарго Центар“, еден играч се истакна најмногу - Бредли Бил кој уфрли дури 60 поени, но се испостави дека ниту тоа не е доволно за победа.
По неубедливите партии во Евролигата и трите декемвриски порази, Барселона им се врати на позитивните партии и вечерва во дуелот од 18. коло на елитата ја надигра Валенсија. Каталонците извојуваа победа од 89-72 и заличија на тимот кој минатата есен врза серија на победи во Европа.
Панатинаикос го реши прашањето на нов тренер и го назначи израелскиот стручњак Одед Каташ како свој нов предводник. Каташ доаѓа од Хапоел Ерусалим, клуб со кој ПАО наскоро ќе се договори за цената на трансферот, бидејќи тренерот уште е врзан со договор за израелскиот клуб.
Иако водеше во поголемиот дел од натпреварот, Црвена Звезда претрпе пораз во второто евролигашко коло во новата година. Турски Фенербахле, воден од српскиот селектор Игор Кокошков, со одлично издание под притисок во последниот четвртиот квартал стигна до победа од 71-73.
Дрејмон Грин се врати во екипата на Голден Стејт Вориорс и продолжи да го прави она што најдобро знае - да реди технички грешки и да предизвикува проблеми на теренот.