• Мекејлеб во Уникахa како замена за Марковиќ?

    Натурализираниот Македонец, Лестер Бо Мекејлеб, најверојатно ќе потпише со тимот на Уникаха од Малага. По неуспешната проба во НБА тимот на Њу Орлеанс, каде не ги задоволи вкусовите на американскиот клуб, ваков потег беше за очекување, поточно враќање на Мекејлеб во Европа. 

  • Скорцианитис се враќа во Макаби Тел Авив?

    Грчкиот центар, Софоклис Скорцианитис, најверојатно по трет пат во кариерата ќе заигра за Макаби Тел Авив. Тој за многу краток период смени неколку екипи. Откако го напушти Макаби тој прво се пресели во Црвена Звезда, па потоа замина за Грција во тимот на ПАОК.

  • Буниќ поради повреда ќе го пропушти Партизан?

    Екипата на МЗТ Скопје најверојатно ќе игра без центарот Душко Буниќ на следниот дуел од АБА лигата против Партизан, кој е закажан за в среда од 17.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

  • Кевин Дурант побрз од сирената во „Стејплс центар“

    Кевин Дурент погоди на пет секунди до крајот за победа на Оклахома над ЛА Клиперс со 99-100. Ова е 11. победа на последните 14 натпревари за Оклахома, која игра како препородена во декември. Дурант мечот го заврши со 24 поени, 9 скока и 7 асистенции. Расел Вестбрук со 33 поени беше прво име во поразенот состав.

  • Црвена Звезда поразена и понижена во Подгорица

    Очигледно тешкиот меч против Баерн остави трага врз кошаркарите на Црвена Звезда, кои во Подгорица го претрпеа вториот пораз во Јадранската лига, откако загубија од Будуќност со 68-54 (28-11, 10-18, 14-11, 16-14).

  • Кејси Риверс со кам-бек во Реал Мадрид

    Американскиот плејмејкер Кејси Риверс, член на Баерн Минхен, го извести раководството на германскиот клуб дека се враќа во тимот на Реал Мадрид, со кој минатата сезона освои се што можеше да се освои. Договорот на Риверс со Баерн Минхен истече со последниот одигран натпревар во Евролигата, на кој избраниците на тренерот Светислав Пешиќ загубија во Белград од Црвена Звезда, а со тоа останаа и без пласман во Топ 16 фазата.

  • Кид: Операцијата на колкот ќе ме оддалечи од тимот неколку месеци

    Тренерот на Милвоки Бакс, Џејсон Кид, ќе мора да оди на операција на колкот. Кид поради операцијата тимот ќе му го препушти на неговиот помошник.

  • Стефан Марковиќ со скршеница на ногата

    Српскиот кошаркарски репрезентативец и член на Уникаха, Стефан Марковиќ во вчерашниот дуел од АЦБ лигата против Сарагоза, заработи скршеница на ногата, по која му следи долга пауза. 27-годишниот Марковиќ повредата ја здоби во 15. минута, по која беше изнесен на раце од своите соиграчи надвор од теренот.

  • Се врати Ирвинг, Кливленд со нова победа

    Кајри Ирвинг се врати во дресот на Кливленд по тешката повреда. Неговиот тим го совлада тимот на Филалделфија со 108-86, а повторно централна фигура беше Леброн Џејмс. Тој постигна 23 поени, а Ирвинг за 17 минути, постигна 12 поени. Кливленд е водечки тим на Истокот со 18 победи и 7 порази.

  • Капо Д'Орландо и Илиевски поразени во дербито на дното

    Тимот на Владо Илиевски, Капо Д'Орландо, вечерва на домашен терен беше поразен во дербито на дното од екипата на Пезаро со 69-72 (19-23, 11-22, 25-15, 14-12), со што ја продолжи лошата серија и го нанижа четвртиот пораз за ред во домашното првенство.

  • Кошаркарите на Карпош Соколи прославуваат Кошарка

    Карпош Соколи и без првиот тренер умее да победува

    Суспензијата на првиот тренер на екипата, Синиша Матиќ не ги поколеба кошаркарите на Карпош Соколи да покажат дека на својот терен не даваат бодови оваа есен. Победен е засилениот и морално охрабрен Кожув со 92-73 и МЗТ Скопје не може да побегне. Допадлива и енергична кошарка ги красеше сите 40 минути, а странските кошаркари ја направија разликата во двата табори. Штета за празните трибини и уморот на гевгеличани, инаку можеше да биде и уште поквалитетно. 

  • Карпош Соколи пресилен за уморниот Кожув

    Продолжува максималниот учинок на кошаркарите на Карпош Соколи на домашен терен во кошаркарското првенство. Победен е и Кожув на грчкиот стратег Стратос Кукулекидис со 92-73 (22-22, 24-19, 19-21, 27-11) со што „соколите“ продолжуваат да му „дишат во врат“ на првакот и лидер МЗТ Скопје.

  • Работнички одново рутински во Струмица

    Во дерби натпреварот од долниот дел на табелата во нашиот кошаркарски шампионат, Работнички гостуваше кај Струмица и ја продолжи серијата победи, кога се во прашање натпреварите помеѓу овие две екипи. Скопската екипа ја забележа деветтата победа по ред над струмичани, и тоа одново убедливо со 56-79 (7-19,12-23,24-12,13-25).

  • Војдан Стојановки солиден, но Реал е пресилен за Андора

    Во шпанската кошаркарска АЦБ лига, тимот на Војдан Стојановски, Ривер Андора на домашен терен убедливо беше поразен од Реал Мадрид со 80-99 (24-29, 22-22, 15-27,19-21).

  • Тимот на Самарџиски поразен по продолженија од лидерот Галатасарај

    Во првиот натпревар од 11. коло во кошаркарската лига на Турција, тимот на нашиот Предраг Самарџиски, Бујукчекмеџе, загуби во продолжението од лидерот на табелата, екипата на Галатасарај со 101-96 по продолжение, откако мечот во регуларниот тек заврши 85-85..

  • Трајковски и Куманово ги однесоа бодовите од Гевгелија

    Во првиот натпревар од 11. коло во Првата македонска кошаркарска лига, Куманово славеше лесна победа во Гевгелија против дебитантот, Бест со 93-83 (19-21, 17-29, 18-24, 29-19).

  • МЗТ Скопје реди победи, совладан и Металац

    Екипата на МЗТ Скопје ја прокнижи втората победа во низа, совладувајќи го денес во гости тимот на Металац од Ваљево, со 68-77 ((18-20, 13-20, 12-14, 25-23), во рамките на 15.коло на регионалната АБА лига.

  • Маратонот за Детроит, шампионот прејак за Милвоки

    Чикаго и Детроит беа актери на маратонот кој заврши со минималец за Пистонси, 144-147 по четири продолженија. Овој меч е најдолг во сезоната на НБА лигата. Драмонд со 33 поени беше најзабележителен кај победничкиот тим, Џексон додаде уште 31 поен и 13 асистенции. Батлер со 43 поени и Гасол со 30 поени се издвоија кај Чикаго. А Дерек Роуз постигна 34 поени, но и не погоди за победа на својата екипа во регуларниот дел од сезоната.

  • Антиќ, Хендрикс и Махмути во иста група во ТОП 16

    Македонскиот интернационалец Перо Антиќ ќе одигра нови два меча против својот бивш клуб, Црвена Звезда во ТОП 16 фазата на Евролигата. Во групата Е, Антиќ и Фенербахче Улкер ќе играат и со Цедевита, Анадолу Ефес Пилсен, Дарушафака (каде тренер е Октај Махмути), Панатинаикос, Уникаха на Хендрикс и Локомотив Кубан.

  • Душко Савановиќ: И Голден Стејт би се загубил во „Пионир“

    Српскиот репрезентативец и играч на Баерн Минхен, Душко Савановиќ, пред денешниот одлучувачки натпревар, против Црвена Звезда, изјави дека неговата екипа ја очекува вистински пекол во салата „Пионир“.

Pages