• Кукулекидис протестира кај судиите Кошарка

    Главчев си даде оставка од Кожув по судиските неправди

    Синоќа жалбата на судиското трио Мицевски – Митровски – Феревски за натпреварот Карпош Соколи - Кожув не беше прифатена од страна на комесарите. Како последица на тоа првиот човек на Кожув Томе Главчев одлучи да поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на кошаркарскиот клубот и истото го објави на клупскиот Фејјсбун профил.

  • Перо Антиќ во акција Кошарка

    Антиќ пак реплицира: За кратко време направивте голем циркус во кошарката!

    По соопштението на КФМ експресно стигна нов мпост на Фејсбук на Перо Антиќ, кој пак ги нападна челниците на нашата куќа на кошарката и откри нови детали од „валканите алишта“ на „кралицата на игрите“ кај нас.

  • Петар Наумоски и Стевче Јакимовски Кошарка

    МКФ: Изборот го правеа новинари, спортски работници и претставници на клубовите

    Македонската кошаркарска федерација излезе со сопштение поради обвинувањата на Перо Антиќ објавени на неговиот Фејсбук профил. МКФ се почувствува повикана да одговори во името на вистината и на начинот на постапката за избор на најдобрите во Мак-баскетот во 2015 година. Во продолжение е официјалното соопштение од страна на МКФ.

  • Перо Антиќ во дресот на Атланта Кошарка

    Антиќ: Постои ли уште Агенција за млади и спорт?

    Откако се погласни се шпекулациите дека вечерва на изборот на КФМ за најдобри за 2015 година ќе биде изоставен Перо Антиќ и покрај тоа што во годината која изминува играше конференциско финале во НБА лигата и направи трансфер во Фенербахче Улкер, искусниот кошаркар со пост на неговиот Фејсбурк профил одговори што мисли за федерацијата и Aгенцијата за млади и спорт, кои денес скоро во исто време ќе ги бираат најдобрите спортисти и кошаркари за 2015 година.

  • Коби Брајанат во дресот на Лос Анџелес Лејкерс Кошарка

    Коби не заборави кошарка, нов подвиг на „езерџиите“

    Коби Брајант ја поведе екипата на ЛА Лејкерс до победа против екипата на Денвер со 111-107. Домаќините постојано го бркаа противничкото водство, но Брајант за 33 минути на паркетот постигна 31 поени, а му помогна и Кларксон со 19 поени. Кај Денвер се истакнаа Бартон и Харис со 25, односно 21 поен. 

  • Крис Пол во дресот на ЛА Клиперс Кошарка

    Крис Пол се ближи до ТОП 10 на вечната листа на асистенти

    Крис Пол дојде до 13. место на листата на кошаркари со најмногу асистенции во историјата на НБА лигата. Кошаркарот на ЛА Клиперс на синоќешниот дуел против Оклахома Сити имаше 10 додавања.   Пол во кариерата сега има 7.166 асистенции, со што го надмина Тери Портер. 30-годишниот плејмејкер така има импресивен просек од 9,9 асистенции по натпревар и веќе е блиску до Лени Вилкинс кој има 7.211 асистенции, а од водечките активни кошаркари заостанува само зад ветеранот, Андре Милер кој има 8. 477 асистенции.   Рекордер и веројатно недостижен по асистенции е Џон Стоктон со луда бројка од 15 806 додавања.  

  • АЦБ Лига

    Ривер Андора и Стојановски „го срушија“ Хувентуд

    По поразот од актуелниот европски и шпански првак Реал Мадрид, тимот на Ривер Андора во кој настапува нашиот репрезентативец Војдан Стојановски, успеа да му се врати на победите. Овој пат на гостински терен извојува победа над ривалот за влез во плеј-офот, тимот на Хувентуд од Бадалона со 90-79 (22-23, 17-16, 31-16, 20-24).

  • Јадранска Лига

    Цедевита владее со Загреб: Билан ја „уништи“ Цибона

    Во големото кошаркарско градско дерби, вечерва екипата на Цедевита на гостински терен, многу лесно со 69-81 го совлада тимот на Цибона, во рамките на 16. коло од регионалната АБА лига.

  • Јадранска Лига

    Божиќ: Против МЗТ Скопје ни се потребни 40 минути врвна кошарка

    Тренерот на Партизан, Петар Божиќ, изјави дека тимот го очекува тежок натпревар против МЗТ Скопје. Тој додаде дека доколку белграѓани сакаат победа во Скопје ќе мораат да одиграат 40 минути врвна кошарка:

  • Кошарка

    Нападнат претседателот на ЦСКА Москва

    Првиот човек на кошаркарскиот клуб на ЦСКА од Москва, Андреј Ватутин, од непознати сторители е нападнат во северозападниот дел на градот, пренесе руската агенција „Интерфакс“.

  • Кошарка

    Дивац, Раџа, Кукоч и Жеравица кандидати за влез во „Куќата на славните“

    Владе Дивац и неодамна починатиот Ранко Жеравица, се наоѓаат меѓу кандидатите за прием во Куќата на славните. Оваа вест е објавена на прославата за 124. роденден на градот Спрингфилд.

  • АЦБ Лига

    Мекејлеб во Уникахa како замена за Марковиќ?

    Натурализираниот Македонец, Лестер Бо Мекејлеб, најверојатно ќе потпише со тимот на Уникаха од Малага. По неуспешната проба во НБА тимот на Њу Орлеанс, каде не ги задоволи вкусовите на американскиот клуб, ваков потег беше за очекување, поточно враќање на Мекејлеб во Европа. 

  • Софоклис Скорцианитис во дресот на Макаби Евролига

    Скорцианитис се враќа во Макаби Тел Авив?

    Грчкиот центар, Софоклис Скорцианитис, најверојатно по трет пат во кариерата ќе заигра за Макаби Тел Авив. Тој за многу краток период смени неколку екипи. Откако го напушти Макаби тој прво се пресели во Црвена Звезда, па потоа замина за Грција во тимот на ПАОК.

  • Душко Буниќ во дресот на МЗТ Скопје
    Јадранска Лига

    Буниќ поради повреда ќе го пропушти Партизан?

    Екипата на МЗТ Скопје најверојатно ќе игра без центарот Душко Буниќ на следниот дуел од АБА лигата против Партизан, кој е закажан за в среда од 17.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

  • Кевин Дурант на меч на Оклахома Кошарка

    Кевин Дурант побрз од сирената во „Стејплс центар“

    Кевин Дурент погоди на пет секунди до крајот за победа на Оклахома над ЛА Клиперс со 99-100. Ова е 11. победа на последните 14 натпревари за Оклахома, која игра како препородена во декември. Дурант мечот го заврши со 24 поени, 9 скока и 7 асистенции. Расел Вестбрук со 33 поени беше прво име во поразенот состав.

  • Кошсркире на Црвена Звезда и Будуќност во дуел
    Јадранска Лига

    Црвена Звезда поразена и понижена во Подгорица

    Очигледно тешкиот меч против Баерн остави трага врз кошаркарите на Црвена Звезда, кои во Подгорица го претрпеа вториот пораз во Јадранската лига, откако загубија од Будуќност со 68-54 (28-11, 10-18, 14-11, 16-14).

  • Евролига

    Кејси Риверс со кам-бек во Реал Мадрид

    Американскиот плејмејкер Кејси Риверс, член на Баерн Минхен, го извести раководството на германскиот клуб дека се враќа во тимот на Реал Мадрид, со кој минатата сезона освои се што можеше да се освои. Договорот на Риверс со Баерн Минхен истече со последниот одигран натпревар во Евролигата, на кој избраниците на тренерот Светислав Пешиќ загубија во Белград од Црвена Звезда, а со тоа останаа и без пласман во Топ 16 фазата.

  • Кошарка

    Кид: Операцијата на колкот ќе ме оддалечи од тимот неколку месеци

    Тренерот на Милвоки Бакс, Џејсон Кид, ќе мора да оди на операција на колкот. Кид поради операцијата тимот ќе му го препушти на неговиот помошник.

  • АЦБ Лига

    Стефан Марковиќ со скршеница на ногата

    Српскиот кошаркарски репрезентативец и член на Уникаха, Стефан Марковиќ во вчерашниот дуел од АЦБ лигата против Сарагоза, заработи скршеница на ногата, по која му следи долга пауза. 27-годишниот Марковиќ повредата ја здоби во 15. минута, по која беше изнесен на раце од своите соиграчи надвор од теренот.

  • Ирвинг во акција по повредата Кошарка

    Се врати Ирвинг, Кливленд со нова победа

    Кајри Ирвинг се врати во дресот на Кливленд по тешката повреда. Неговиот тим го совлада тимот на Филалделфија со 108-86, а повторно централна фигура беше Леброн Џејмс. Тој постигна 23 поени, а Ирвинг за 17 минути, постигна 12 поени. Кливленд е водечки тим на Истокот со 18 победи и 7 порази.

Pages