Александар Јончевски ги свика сениорските репрезентативци на Македонија и означи старт на подготовките за дуелите во претквалификациите за следното Европско првенство. Селекцијата ќе се подготвува во Маврово и ќе тестира со Црна Гора, а потоа ќе се судри со Данска и Словачка во овој циклус.
Еден од најдобрите словенечки кошаркари, Горан Драгиќ реши да ја прекине репрезентативната пензија и се врати во тимот. Плејмејкерот со огромно НБА искуство ќе биде капитен на Словенија на Евробаскетот на стартот на септември.
Жарко Паспаљ, легендарниот српски кошаркар, не е задоволен од ситуацијата во која се наоѓа српската кошарка. Србија не е европски првак 21 година, не е на светскиот врв дваесет години, а оттогаш освои само четири медали, сите четири сребрени.
Селекторот на хрватската кошаркарска репрезентација, Дамир Мулаомовиќ го објави списокот од шеснаесет играчи кои ќе ја претставуваат Хрватска на Евробаскетот што ќе се одржи од 1 до 18 септември. На него го нема Анте Жижиќ, поранешен НБА играч и до неодамна играч на Макаби од Тел Авив. Жижиќ е еден од најдобрите хрватски играчи и изненадување е што Мулаомеровиќ го остави надвор од списокот.
Српскиот селектор Светислав Пешиќ ја шокира тамошната јавност и го изостави Милош Теодосиќ од конечниот список на Србија за Евробаскетот во септември. Капитенот и лидер беше дел од репрезентативниот табор повеќе од 15 години, но селекторот смета дека е прекуброен.
Американскиот претседател Џозеф Бајден ја оцени како неприфатлива пресудата на рускиот суд против кошаркарката Бритни Грајнер и ја повика Москва веднаш да ја ослободи. Грајнер пред неколку дена беше осудена на девет години затвор од рускиот суд за поседување и шверц на дрога.
Србија на Европското првенство во кошарка во септември ќе настапи без капитенот Милош Теодосиќ, како и досега во квалификациските натпревари за Мундобаскетот. Ова е одлука на селекторот Светислав Пешиќ, па на натпреварите против Турција и Грција ќе влезе без актуелниот предводник на Виртус.
По минатонеделната потврда за останување на Бобан Стајиќ и Љубомир Младеновски, вицешампионот Пелистер денес откри дека задржал уште тројца кошаркари во своите редови. Имено, искусниот Димитар Караџовски, плејмејкерот Дарко Најдовски и Георги Трајковски ќе играат во зелениот дрес и следната сезона.
Кошаркарската федерација на Босна и Херцеговина соопшти дека настапите на големите натпреварувања се доведени под знак прашалник затоа што постојат големи финансиски проблеми.
Александар Јончевски е новиот предводник на нашиот сениорски национален тим. Долги години беше во улога на асистент, од пред извесно време со одлука на раководството на федерацијата беше промовиран во наследник на Драган Бајиќ, со кого соработуваше во изминатиот период.
Кошаркарската репрезентација на Македонија замина за Маврово каде ќе ги стартува главните подготовки за претквалификацискиот турнир за Евробаскетот во кој ќе бидеме предводени од нов селектор - Александар Јончевски.
Кошаркарската репрезентација на Шпанија до 18 години го одбрани европскиот трон, откако во финалето на Европското првенство славеше против домаќинот Турција во Измир со 68-61. „Фуријата“ демонстрира сила во текот на натпреварувањето, па не е чудо што успеа да го повтори успехот од пред три години.
Еден од најкошаркарските градови во Македонија, Гостивар, го подигна ентузијазмот со доведувањата на летните засилувања. Последното е големо изненадување, бидејќи се очекуваше дека гостиварчани не може да стигнат до македонскиот репрезентативец Андреј Маслинко.
Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години испадна од А-дивизијата. По поразот од Хрватска (72-59) нашиот национален тим заврши како четиринаесетта и така нема да остане во елитата на следното првенство.
Турскиот кошаркарски талент Демир Доган го напушти тимот на МЗТ Скопје Уни Банка и кариерата ќе ја продолжи во Црна Гора каде ќе го носи дресот на Студенски Центар.
Женската кошаркарска репрезентација до 18 години го заврши Европското првенство (ЕП) Б-дивизија во Софија, Бугарија, без ниту една победа. Во последниот натпревар нашите надежи потклекнаа пред Норвешка (49-78).