Капитенот на Барселона, Кевин Пантер, ќе отсуствува од терените околу шест недели поради повреда на левиот скочен зглоб. Дополнителните прегледи покажале дека повредата е посериозна од првичните процени, според кои американскиот бек требаше да паузира околу три недели.