Кошаркарскиот клуб Работнички денес одбележува значаен јубилеј – 80 години од одигрувањето на својот прв официјален натпревар. На 2 август 1946 година, на големиот православен празник Свети Илија и државниот празник Илинден, започнало првото кошаркарско првенство на Македонија, организирано во рамките на Вториот фискултурен слет. На турнирот настапиле екипите на Македонија, Работнички и Ванчо Прке од Штип.