Кошаркарите на Пелистер триумфално ја финишираа 2024 година во мак-кошарката. „Зелено-белите“ за крај на годината дома го совладаа Тиквеш во 12. коло на првенството со 95-88. Во ефикасно надигрување со доста возбудувања битолчани дојдоа до многу важни бодови. Тие годината ќе ја завршат на првото место на табелата бидејќи имаат подобар меѓусебен скор од МЗТ Скопје и ТФТ Скопје.
Њујорк Никси славеше во спектакуларен натпревар со 117-114 против Сан Антонио Спарси. На денот на католичкиот Божиќ публиката во „Медисон Сквер Гарден“ гледаше феноменален меч кој на крајот заврши со домашно славје.
Кошаркарите на Пелистер со стил ја завршија годината во Првата кошаркарска лига на Македонија. Во последниот денешен натпревар од 12. коло во домашниот шампионат „зелено-белите“ пред својата публика го надиграа составот на Тиквеш и славеа сигурна победа од 95-88. Со оваа победа пелистерци го презедоа врвот пред МЗТ Скопје и ТФТ Скопје за крајот на 2024 година.
Кошаркарите на ТФТ Скопје во најнепосакуван момент забележаа две лоши партии во Првата кошаркарска лига на Македонија и со двата врзани порази ја испуштија можноста да станат есенски шампиони во домашното првенство.
Кошаркарите на Кожув убедливо славеа против Чаир 2030 со 86-63 во рамките на 12. коло на Првата македонска лига. Гевгеличани ја израдуваа публиката во салата „26 април“ изненадувајќи го фаворитот на овој натпревар и со стил и две врзани победи заминуваат на новогодишна пауза.
Екипата на Работнички им приреди ново разочарување на своите фанови. На денот кога започна реконструкцијата на нивниот дом „Градски Парк“, центарци ја загубија драмата со Феникс, кој на крај славеше со 73-71, во првиот натпревар од 12. коло.
Процентот на шутеви за три поени во НБА лигата драстично се зголеми, а тоа му одговара на најдобриот тројкаш на денешницата, а можеби и на сите времиња.
Салата „Градски Парк“ долги години имаше посебно значење во кошаркарскиот свет, бидејќи во неа најсветлите страници од историјата ги испишаа кошаркарите на Работнички.
Македонската кошарка не е на завидно ниво, меѓутоа во нашата лига одвреме навреме знае да продефилира некој „залутан“ одличен кошаркар подготвен за многу поголеми дострели. Веројатно таков беше случајот и со 23-годишниот Девон Грант кој летово потпиша со Феникс 2010.
Бекот на Мајами Хит, Дру Смит, ќе го пропушти остатокот од сезоната, откако се здоби со пукнатина на Ахиловата тетива. Тој со незгодната повреда се здоби за време на победата над Бруклин Нетс во понеделникот со 110-95 и му требаше помош за да излезе од теренот.
Угледниот „Форбс“ пишува дека капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ, е многу близу до „трејд“ во екипата на Денвер Нагетс, каде би му се приклучил на неговиот колега, Никола Јокиќ.
Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс е избран за најкорисен играч (МВП) на полусезоната во најквалитетното натпреварување на стариот континент, Евролигата.
Кошаркарите на Пелистер приредија голема радост за дечињата со оштетен слух од основното училиште „Кочо Рацин“ во Битола и беа дел од хуманитарната акција во која се дружеа со учениците и им поделија новогодишни подароци.