Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска го игра дуелот од второто коло од ФИБА Европа купот. Противник им е екипата на Тарту од Естонија.
Грчки Олимпијакос приреди спектакуларен пресврт во Евролигата, откако ја совлада Валенсија на гостински терен со 102-97 по продолжение. Грчкиот гигант се врати од речиси безизлезна ситуација и испиша нова страница во историјата на најсилното европско клупско натпреварување.
Кошаркарите на Панатинаикос вечерва го совладаа Партизан со 55-72, во натпревар од петтото коло на Евролигата, и ја остварија петтата победа. Навивачите во преполната сала со овации го дочекаа својот поранешен тренер Обрадовиќ.
Жељко Обрадовиќ е вистинска кошаркарска и човечка величина. Славниот српски тренер беше пречекан со стоечки овации и громогласен поздрав од навивачите во преполната белградска „Арена“.
Четири големи имиња од историјата на Работнички и македонската кошарка беа присутни во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, каде што го проследија убедливиот триумф на својот клуб над Тиквеш Голден Игл со 86-70.
МКК Куманово доби ново засилување за претстојните предизвици. Нов член на кумановскиот клуб е српскиот кошаркар Стефан Фундиќ, кој настапува на позициите крилен центар и центар.
Белградската „Арена“ ќе биде исполнета до последното место за гостувањето на Панатинаикос кај Партизан, во натпревар што носи посебна емоционална тежина поради присуството на Жељко Обрадовиќ.
Кошаркарскиот суперлигаш Тиквеш добива ново име во ростерот. Кавадарчани ќе сметаат на услугите на австралискиот бек Бруклин Брутон, кој настапуваше во НБЛ1 лигата во Австралија.
По двете победи на стартот од новата сезона во Суперлигата, кошаркарот на Работнички, Дамјан Робев, ги сподели своите впечатоци за почетокот на првенството, атмосферата во тимот и амбициите за продолжението на сезоната.
Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски се соочува со незгодна повреда, откако медицинските прегледи потврдија целосно кинење на десниот внатрешен кос стомачен мускул.
Новата сезона во НБА лигата е пред официјален старт. Комесарот Адам Силвер,објави дека лигата тестира кошаркарски топки со вграден чип со тежина од приближно еден грам за натпреварите во 2027 година.
Трофејниот тренер Жељко Обрадовиќ се подготвува за едно од најинтересните гостувања во Евролигата, бидејќи со Панатинаикос ќе се соочи со Партизан во Белград. Сепак, искусниот стратег порача дека личните емоции ги става во втор план и дека најважно му е неговиот тим да биде подготвен за предизвикот.
Кошаркарите на Струмица ја запишаа првата победа во новата сезона од кошаркарската Суперлига, откако на домашен терен го совладаа Пелистер со убедливи 84-69. Струмичани одиграа одличен натпревар и заслужено се радуваа на триумфот, додека за битолчани ова е прв пораз сезонава, по победата над ТФТ на стартот на шампионатот.
Турскиот гигант Галатасарај активно работи на можноста да стане дел од новото европско кошаркарско натпреварување - „НБА Европа“. Претседателот на турскиот клуб, Дурсун Озбек, откри дека разговорите со претставниците на НБА и потенцијалните инвеститори продолжуваат, а повеќе детали би можеле да бидат познати до крајот на годината.
Кошаркарите на МЗТ Скопје ја запишаа втората победа во новата сезона во домашната Суперлига, откако на гостувањето кај Кожув славеа со 73-81 во последниот натпревар од денешната програма во второто коло.
Кошаркарите на Куманово ја забележаа првата победа во новата сезона, откако на домашен терен го совладаа амбициозниот Штип со 70-59. Гостите го запишаа вториот пораз, додека Куманово доби значаен импулс за продолжението од шампионатот.
Кошаркарите на Работнички ја забележаа втората победа на стартот на новата сезона во Суперлигата на Македонија, откако дома сигурно славеа против Тиквеш со 86-70. По стартниот триумф на гости кај Струмица, сега тимот од „Градски парк“ ги израдува домашните фанови во меч кој се одигра пред солидна бројка на публика.