Црвена Звезда се закани: Нов термин на дербито, или крај на АБА-лига!

Екипата на Црвена Звезда објави соопштение по повод службениот пораз во АБА-дербито со Будуќност затоа што тимот не отпатува за Подгорица.

Од таборот на „црвено-белите“ истакнаа дека управата ги посочила причините на прес-конференција (се работеше за безбедносната ситуација во Црна Гора) и бара нов термин за одигрување на натпреварот, во спротивно се останато ќе значи крај на АБА-лигата.

„Црвена Звезда ја известува јавноста дека ја доби одлуката на дисциплинскиот судија од АБА-лигата која се базира исклучливо на извештајот од делегатот. Ние го објавивме своето на прес-конференција и ги посочивме причините зошто не патуваме во Подгорица. Затоа очекуваме нов состанок на раководството на АБА и одигрување на нов меч без никаква казна. Се останато ќе означи крај на АБА“, велат од Звезда.

Натпреварот меѓу Будуќност и Црвена Звезда беше регирстриран со 20-0 за црногорскиот тим и воедно санкцијата донесе минус еден бод за белграѓани и парична казна.