Звезда го штедеше Антиќ, но лесно ја преслуша Игокеа

Екипата на Црвена Звезда забележа лесна победа во регионалната АБА-лига и во својот дом со 85-80 (48-38) славеше над тимот на Игокеа.

Големиот фаворит беше убедлив на домашен терен, иако поголемиот дел од првотимците добија лимитирана минутажа. Игокеа беше конкурентна само во првиот период, а во продолжението од мечот белграѓани почнаа да „билдаат“ разлика која ја држеа до крајот на средбата. Звезда во финишот водеше двоцифрено, но сепак, поради ротирање на играчите, Игокеа дојде до пристоен пораз од пет поени.

Нашиот кошаркар Перо Антиќ на овој дуел доби поштеда и играше скромни единаесет минути за кои постигна три поени и забележа еден скок и една асистенција. Најдобар кај Црвена Звезда беше Рочести со 20 поени, а Дангубиќ заврши со 12, додека кај Игокеа најмногу се истакна Рикиќ со 23 поени.