Данстон ја сруши Црвена Звезда со звукот на сирената, Жалгирис е хит во Евролигата

Екипата на Жалгирис продолжува со феноменалните игри во Евролигата и оствари нов триумф, овој пат против Црвена Звезда со конечен резултат 86-84. Домаќините дојдоа до победата со кошот на Брајан Данстон, кој погоди во последната секунда од натпреварот. 

Двете екипи одиграа по едно солидно полвувреме, а српскиот тим беше близу до целосен „кам-бек“ во мечот, но немаше сили да издржи до самиот крај. Жалгирис на паузата водеше со 47-33, но Црвена Звезда заигра многу подобро во вториот дел и внесе резултатска неизвесност. 

Иако ги добија следните две четвртини, белграѓани не успеаја да направат голем пресврт и на крајот мораа да се помират со третиот пораз, додека за литванскиот гигант ова беше петти триумф сезонава. 

Избраниците на Андреа Тринкиери сосема заслужено се радуваа на крајот, а најефикасен играч во победничкиот тим беше Дејвидас Сирвидис со 17 поени. Кај Црвена Звезда најдобар поединец беше Коди Милер, кој запиша еден поен помалку.