ВИДЕО: Зверското забивање на Хачимура е нај-потег на олимпискиот турнир!

Машкиот кошаркарски турнир на Летните Олимписки Игри во Токио понудија многу емоции, преккрасни потези и очекуван расплет - злато за најголемиот фаворит, Американците. Сепак, изненадување претставува првото место на листата на пет најдобри забивања на турнирот.

Имено, Јапонецот Руи Хачимура заби преку цела шпанска одбрана и го реализира потегот на турнирот.

  • Петте најдобри забивања на олимпискиот турнир: 

Американецот Кевин Дурант, кој се најде во изборот за пет најдобри забивања, е најкорисен кошаркар на турнирот (МВП).