Зоран Тодоровиќ ќе го спасува Пелистер, Србинот пред промоција во Битола

Српскиот стручњак Зоран Тодоровиќ, кој беше дел од успешниот проект на кошаркарскиот клуб Пелистер пред десетина година, се наоѓа на чекор до враќање во битолскиот прволигаш. Тодоровиќ деновиве треба да пристигне во Битола и да ги дефинира личните услови за да го преземе Пелистер.

Битолчани останаа без тренер, откако Предраг Созовски доби отказ пред десетина дена. На напреварот против Куманово во саботата екипата ја водеше Благој Печалов, кој веројатно ќе ги води „зелено-белите“ и на натпреварот в недела против Вардар.

Тодоровиќ беше тренер во Смедерево и Крагујевац, а работел и со младите категории на српската репрезентација.