Знаете ли колку заработува најплатениот кошаркар во Европа?

Никола Миротиќ

Заработката на европските кошаркари е далеку од онаа на НБА играчите, па затоа чуди одлуката на Никола Миротиќ да се врати на стариот континент. Барселона ја исполни својата намера и го направи шпанскиот интернационалец со црногорско потекло најплатен кошаркар во Европа. Нивната соработка е на четири години со вредност од 26 милиони евра.

Се шпекулираше дека 28-годишникот ќе стави потпис на шестогидшен договор вреден 70 милиони евра, но ништо од тоа. 

Поранешниот кошаркар на Чикаго и Милвоки ќе заработува нето плата од 3,9 до 5,2 милиони по сезона. Со тоа ќе го надмине Алексеј Швед и ќе стане најплатениот европски играч. Русинот од Химки добива 3,6 милиони годишно.

Миротиќ на јавноста и е познат по своите настапи во дресот на Реал Мадрид. Дресот на „кралевите“ го бранеше шест сезони и во минатото изјави дека никогаш не би се преселил во редовите на лутиот ривал. Седум години подоцна, неговите зборови „паднаа во вода“ и предизвикаа бурни реакции во Мадрид.