• Мартин Танасковски

Ѕвездата на Њу Орлеанс Пеликанс, Зион Вилијамсон, физички изгледа комплетно подготвен за рестартот на НБА-лигата кој е наскоро.
19-годишниот кошаркар на кој му се предвидува блескава иднина карантинот не му наштети, туку напротив, му помогна. Тој доста се посветил на себеси и на мускулната маса, затоа што изгледа различно од претходно.
На социјалните мрежи „пеликанси“ објавија фотографии од кошаркарот, а фановите беа одушевени дека изгледа импресивно.
Токму Вилијамсон ќе биде клучна фигура на Њу Орлеанс Пеликанс во натпреварите во битката за плеј-офот во НБА. Рестартот е предвиден на 31 јули, а дуелите ќе се играат во Орландо, Дизниленд, без присуство на публика.
