• Зоран Мишевски

Три различни приказни донесоа натпреварите од третото коло на женскиот кошаркарски шампионат на Македонија.. Вардар ја продолжи низата успешни настапи и стигна до третиот триумф, актуелниот шампион Крива Паланка ја забележа првата победа во новото првенство, додека Пробаскет со подобро второ полувреме го совлада Патриот 2016 и се израдува на првите бодови.
Кошаркарките на ЖКК Вардар ја продолжија успешната серија во новата сезона, откако на гостувањето во Аеродром славеа убедлива победа против МЗТ Скопје so 50-76.
Пислевска беше предводник на победничкиот состав со 25 поени, седум скока и пет асистенции. Бојана Николиќ постигна 17 поени, а Трајковска додаде 11 поени и шест скока.
Во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, Рејчел беше најефикасна со 27 поени, на кои придодаде и 12 скока.