ЖКК МЗТ донесе прво засилување, потпиша со репрезентативка

Новоформираниот женски кошкаркарски прволигаш МЗТ Скопје донесе прво засилиување во своите редови и потпиша со репрезентативка на Македонија.

Нова кошаркарка на аеродромки е Албина Плакај. Се работи за девојка која досега ги помина речиси сите младински селекции на Македонија, а има 19 години.

Плакај е само првиот чекор во составување на тимот и воедно потврда за високите амбиции на ЖКК МЗТ Скопје.