• Иван Димовски

Хрватскиот центар Анте Жижиќ имаше страшен пад на пресметката меѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Хаифа во израелското првенство. 25-годишникот набргу потоа загуби свест, беше пренесен во болница и хоспитализиран.
<<< - ВИДЕО: Жижиќ ја удри главата во подот, загуби свест и заврши во болница
За среќа, неговата ситуација е стабилна, нема посериозни нарушувања и повреди и самиот Жижиќ се обрати на фановите од болницата.
„Ви благодарам на сите за пораките. Подобар сум и ќе се вратам наскоро“, напиша Жижиќ.
Инаку, во својата кариера Жижиќ има завидно искуство играјќи и во НБА лигата. Од 2020 година настапува во екипата на Макаби, со која се бори и во Евролигата. Сега го чека период на рехабилитација, по што ќе се врати на терените.