Жижиќ е ново центарско засилување за европскиот првак

Анте

Хрватскиот центар Анте Жижиќ од наредната сезона ќе ги брани боите на актуелниот првак во Евролигата, Анадолу Ефес.

Кошаркарот со НБА искуство потпиша двегодишен договор. Ако ги задоволи очекувањата, турскиот гигант има опција да му понуди соработка на уште една сезона.

25-годишникот настапуваше за Цибона, Дарушафака, па замина преку океанот и го засили Кливленд Кавалирс, а од 2020 година е дел од Макаби Тел Авив.