Жестока казна за Обрадовиќ поради повлекувањето на Партизан во финалето

Кошаркарите на Партизан на „зелена маса“ го загубија вториот меч од финалната серија во Суперлигата на Србија, а со тоа Црвена Звезда дојде до 2-0 и трофеј во натпреварувањето. 

Кошаркарскиот сојуз на Србија ги изрече казните за надлежните во Партизан поради повлекувањето на екипата. Најжестока е казната за Жељко Обрадовиќ кој доби суспензија од четири првенствени натпревари.

Тоа значи дека доколку следната сезона Партизан игра во Суперлигата, Обрадовиќ нема да може да го води тимот во полуфиналето и една или две средби од финалната серија. Причината за такво нешто е фактот дека Црвена Звезда и Партизан имаат сигурно место во полуфиналните серии поради задолженијата во АБА и Евролигата. 

Освен Обрадовиќ, казнет е и тим-менаџерот Лука Виликиќ со иста санкција.