• Зоран Мишевски

Третото коло од вториот дел од сезоната во женскиот кошаркарски шампионат на Македонија донесе и дефинитивна промена на челната позиција на табелата. Екипата која ја брани титулата, Баскет кам, загуби на гостувањето во Скопје во дуелот со Бадел 1862 со 54-48. Тоа го искористија кошаркарките на Крива Паланка кои со убедлив триумф над Спорт тим, ја преземаа лидерската позиција на табелата во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига.
Дуелот кој беше означен како дерби на третиот круг, му припадна на тимот на Бадел 1862. Иако ослабени со неиграњето на репрезентативката Марија Николов, тоа не им посмета да прикажат добра игра, особено во фазата на одбраната. Фримен имаше одлично издание, го заокружи со скор од 17 поени, осум скока и осум систенции, но и шест освоени топки. Двоен ефект оствари Клири, која освен 12 поени дојде и до 16 скока.
Кај Баскет кам, Адамовска постигна 16.поени, а Димова и Максимовска имаа по 13.
„Шпаркасе лајф“ Прва лига (ж)
Втора фаза
Трето коло:
Крива Паланка – Спорт тим 93-52
Пробаскет – МЗТ Бела вода 72-50
Вардар – Патриот 2016 99-88
Бадел 1862 – Баскет кам 54-48